Животот на едно двегодишно девојче кое расте со родители-зависници од дрога

Руската фотографка Ирина Попова направила еден контроверзен проект наречен „Another Family“, со кој навлегува во животот на едно семејство кое живее во мрачно подрачје на модерна Русија. Таа го фотографирала семејниот живот на 2-годишната Анфиса и нејзините родители-зависници, со тоа поттикнувајќи нѐ да се запрашаме: Дали таа била само непристрасен набљудувач или морала, како секое човечко битие, да интервенира во животот на малото девојче?

1-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Проектот започнал кога Ирина наишла на мајката на Анфиса, Лила, на улиците на Сент Петербург во 2008. Лила била многу пијана, а имала бебе во количката. Но, на предлогот на Ирина за фотосесија, Лила веднаш се согласила, па дури и ја поканила фотографката во нивниот стан. Таму Ирина го запознала момчето на Лила, Паша. Фотографката поминала 2 недели во нивниот запустен стан, каде што невенчаниот пар постојано се забавувал.

Суровите и провокативни слики зборуваат за опасностите од негрижата за детето, но и за семејната љубов која ни дава сила да издржиме, понекогаш дури и во иста фотографија.

Фотографиите го привлекоа вниманието на многумина на интернет, кои бесни заради негрижата на родителите кон ова дете, побараа девојчето да биде отстрането од оваа опасна околина.

Во продолжение фотоприказната за малата Анфиса.

Паша и неговиот гостин се агресивни кон општеството во панк-култура стил.

2-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Анфиса си игра со цигарите на мајка ѝ која спие.

3-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Лила се враќа дома од забава со Анфиса која спие во количката.

4-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Анфиса е во опасност додека се доближува до работ на прозорот во станот на нејзините родители. Сепак, таму е поставена безбедносна мрежа која не се гледа убаво на фотографијата.

5-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk6-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 7-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 8-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 9-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Анфиса јаде бебешки микс додека нејзините родители ја чистат собата после забава.

10-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk11-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Лила бара пари од возачот на автомобилот користејќи ја ќерка си како изговор, велејќи дека ѝ требаат за храна за деца.

12-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Лила и Паша се скараа на улица за пари. Си заминаа во различни насоки, но во последен момент, и двајцата се свртеа назад.

13-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Лила и Паша се одмораат на тротоарот после долготрајно „журкање“ со многу дрога и алкохол.

14-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk

Анфиса не беше одземена од нејзините родители и почна да оди во градинка. Нејзината мајка Лила го напушти семејството. Нејзиниот татко Паша сега се грижи за неа.

15-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 16-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар