Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светот

Во Германија живее еден постар џентлемен, Турчин по име Али. Тој ѝ го привлекол вниманието на австралиската фотографка Зои Спотен, која го забележала низ берлинските улици, поради неговите фантастично искомбинирани модни комбинации.Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотФотографката работи во кафуле покрај кое Али секојдневно поминува кога оди накај работа, па така таа секое утро го гледала и го поздравувала, сѐ додека еден ден не решила да започне и да го фотографира, за цел свет да го види одличниот вкус за облекување кој го има овој интересен чичко. Така настанал нивниот блогерски проект т.н. „What Ali Wore“ (Што носеше Али).Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотБлогот се состои од секојдневни фотографии од Али, на кои се гледа неговиот одличен стил. Дотеран со модерни кул вратоврски, елечиња, одела, војничка шара или тексас од глава до пети, Али е едноставно човек полн со елан, кој знае како да се носи. Интересно е да се видат многуте личности кои се спакувани во овој човек, преку неговото модно експериментирање.Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотИ покрај тоа што помеѓу младата фотографка и овој Турчин постои голема јазична бариера, сепак нивната комуникација е на одлично ниво. Спотен знае многу малку германски, а Али зборува минимално англиски, но сепак овие двајца секое утро одржуваат мини фотосесија на улиците. Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотИ покрај нивните кратки средби наутро, фотографката сепак успеала да дознае нешто повеќе за овој кул човек, освен дека има добро чувство за стил. Открила дека Али е пензиониран доктор кој сега работи како шивач. Живее во Берлин 44 години и е татко на 18 деца! Колку фасцинантен човек е ова!Запознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светотЗапознајте го Али, најдобро облечениот дедо во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар