Замрзната приказна: магично фотопатување во недопрен замок од 17-тиот век

Австралиската артистка и фотографка, Алексија Синклер, има неверојатна фантазија која оживува преку нејзината работа. Таа неодамна создала магично фотопатување наречено „Замрзната приказна“ кое е исполнето со историја и се наоѓа во недопрен замок од 17-ти век. Во оваа серија фотографии, артистката нѐ внесува во сосема различно време и место, ера преполна со стари традиции, формална мода и богат декор. Прекрасните драматични сцени претставуваат колекција на реалноста која е заматена со фантазија.

Замрзната приказна

И покрај тоа што Синклер ги обработува фотографиите во Фотошоп, таа сепак верува во фаќање на колку што е можно повеќе преку своите леќи.

„Не верувам дека со Фотошоп би можеле да направите нешто да изгледа онолку реално колку што би можело да биде со помош на светлината и фотографијата во реалниот живот,“ објаснува таа. „Јас фотографирам сѐ што можам со мојот фотоапарат. Она што го додавам се оние нешта кои верувам дека не можат да бидат пронајдени во реалниот живот. Може да станува збор за нешто кое постои само во мојата фантазија или пак, да е нешто кое едноставно не ми е дозволено да го внесам внатре.“

Погледнете го и ова видео кое покажува како биле направени неколку од фотографиите кои не биле снимени директно на локацијата.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар