Заљубете се во Њујорк

И покрај сѐ што им се случи пред кратко време, њујорчани покажаа дека се навистина цврсти луѓе. Во еден текст од „Huffington Post“, авторот вака ја опишува ситуацијата после ураганот Сенди:

„И покрај тоа што четири дена беа без електрична енергија и без јавен превоз, во градот владее другарство, а не анархија. Луѓето делат такси, многумина волонтерски ги нудат своите домови, луѓето кои имаат функционален телефон го позајмуваат на луѓе кои ги среќаваат на улица и на никого не му е проблем да сподели шолја со топло кафе.“

Заљубете се во ЊујоркОваа колекција на фотографии е направена од авторот Guillame Gaudet, Французин од Париз кој веќе пет години живее во Њујорк. Само преку разгледување на неговите дела, можете да ја почувствувате љубовта која тој ја има за градот.

„Како фотограф, сум ја имал среќата да патувам многу, но сепак Њујорк останува за мене најинспиративниот град. Има нешто фасцинантно околу неговата енергија и неговите променливи населби. Неговата едноставна уникатност, го прави совршено игралиште за еден фотограф. Шетајќи по неговите улици, можете лесно да преминете во друг свет, само со свртување на некоја раскрсница или улица. Секоја населба во Њујорк има своја душа и свој пулс. Никогаш не се заморувам сликајќи го овој град.“ – вели тој за градот.

Заљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во ЊујоркЗаљубете се во Њујорк


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар