Зачудувачки перформанс: балерина танцува со остри ножеви

„En Puntas“ е видео инсталација изработена од страна на шпанскиот артист Хавиер Перез, во која ја гледаме балерината Амели Сегара, како изведува неверојатен танцувачки перформанс на големо пијано, носејќи прилагоден пар балетанки, продолжени нанапред со остри кујнски ножеви. Како танцот на врвот од прстите да не е доволно тешка задача, Сегара додала дополнителен притисок, балансирајќи го своето тело на уште потенка платформа и од уште поголема височина.

Помислата дека воопшто некој може да застане цврсто на потенцијално опасни обувки е вчудовидувачка, но фактот дека Сегара успева да постигне телесен баланс, додека истовремено го гребе капакот од пијаното, е истовремено освежувачки и застрашувачки за гледање. Интензивниот перформанс станува уште повозбудлив за гледачите, кога елегантната балерина се приближува до работ на пијаното со врвовите од ножевите.Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножевиМоќната комбинација од сила и баланс прикажана од страна на балерината, е повремено придружена од нејзината емоционална болка и плач од бол, бидејќи вложениот напор и физичката исцрпеност тежат врз нејзините пренапрегнати прсти. Перформансот на Сегара поттикнува емпатија кај публиката додека таа се напрега, тежнеејќи кон совршенство. Таа е истовремено, прекрасна и скршена. Според описот на креаторот на проектот, тој „ја разоткрива слабоста која стои на границата помеѓу некои навидум неспоиви концепти како што се: убавината и злото, ранливоста и насилството, културата и природата на раѓањето и смртта“.Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар