Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Кој вика дека готвењето мора да биде досадна и сериозна домашна обврска? Постојат многу интересни, креативни и практични кујнски гаџети, кои можат да ви го направат денот забавен и покрај тоа што можеби поминувате многу часови носејќи престилка на себе. Следниве оригинални кујнски предмети, дефинитивно ќе ве расположат, а можеби и ќе ја направат вашата работа во кујната поедноставна.

На крај, не заборавајте да ни пишете кој кујнски гаџет ви е омилен. :)

Ова е држач за чај, кој пливајќи во водата, личи на опаш од страшна ајкула.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Кога чајот ќе почне да испушта боја во жешката вода, изгледа како ајкулата да нападнала човек и крвта се разлеала низ морето.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Поголем ефект се постигнува со некој црвен чај од шумски плодови или брусница. Дизајниран е од страна на Пабло Метеода.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Направете ја вашата следна домашна журка интересна со држачот за чепкалки за заби т.н. „Ауч“, кој има форма на вуду кукла. Со Ауч, боцкањето маслинки, колачиња и закуски, нема никогаш повеќе да биде досадно. Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Отворач за шише Ctrl+O, за сите љубители на овој шорткат. Дизајниран е од страна на „Арт Лебедев Студио“.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Креативен феминистички дизајн за отворач на тапи и капачиња, чија порака е да им пренесе на мажите, дека не се потребни мустаќи и машка сила, за да може да се отвори еден пијалак. Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Пригответе нинџа-колачиња за вашето синче, внуче, комшиче со овие несекојдневни калапи. Најверојатно и вашиот партнер ќе обожава да ги грицка нинџиве. Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Оваа шолја е практична според широчината, за оние кои сакаат да си топат кекс, додека пијат топло млеко или кафе. Дизајнирана е од страна на „Ентресуело“.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Со овие готварски ножици со пет остри сечила, можете да сечкате, дробите и ситните магдонос и други тревки, директно во тавчето или тенџерето, додека ви се готви манџата. Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Со помош на овој гаџет, благодарение на високата температура од вашето врело кафе, можете да запеглате некое „парталче“ облека, додека го чекате да се олади. Совршено е практичен, за оние кои имаат „канцелариски романси“. Дизајнирани се од страна на „Арт Лебедев Студио“.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Овој интелигентен дизајн на ножици плус шпатула, совршено ќе ви ја исече пицата и ќе ви овозможи да го пренесете парчето во чинија, без да ви падне топингот. Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Овие чашки ќе го променат вашето гледиште кон процесот на пиење, чувствување и вкусување на пијалакот, како и начинот на кој се „ослободувате“ од валканиот сад откако ќе завршите. Чашките се комплетно направени од агар, кој го има во морската трева и црвените алги, а ги има во три различни вкусови: лимон и босилек, ѓумбир и нане, рузмарин и цвекло.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Секоја од нив е дизајнирана така за да можете да ја фрлите во тревата, откако ќе завршите со пиење, (се разбира доколку не сакате да ја изгрицкате) бидејќи агарот е екстракт од морска алга, кој всушност го поддржува растот на растенијата. Дизајнот е направен од страна на компанијата „Тhe Way We See The World“.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Овие дизајни на соларничиња, дефинитивно ќе внесат малку „магија“ во вашето секојдневно јадење. Дизајнирани се од страна на Артур Ксин.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Оваа паметна штица за сечкање, е дизајнирана специјално за подготовка на оброк, бидејќи има четири длабоки чиничиња вметнати во неа, во кои можете да ги сместите исечканите зеленчуци. Дизајнирана е од страна на Каин Лукас.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Откријте нов начин за уживање во вашите омилени шпагети. Оваа виљушка е специјално дизајнирана за да овозможува полесно завртување на шпагетите во неа, без да се мачите и да го губите трпението. Со неа, можете комотно да се фокусирате на вкусот, наместо на законите на физиката. Дизајнирана е од страна на Дамјан Станкович.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Земате јајце, го кршите во овој сад, па го навалувате суштеството насочено со ноздрите накај длабокото чиниче и мисијата е завршена: перфектно ја одвоивте белката од жолчката, а истовремено и му го исекнавте носот. Не се препорачува за луѓе осетливи на стомак. :) Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Ова „Дрво-тостер“ има фенси транспарентни листови, кои ви го држат парчето леб, додека не се испече. Со оваа технологија, која вклучува транспарентна нано-електрична мембрана, дизајнерот му дава нова димензија на крцкавото, добро потпечено парче леб. Креативниов тостер е дизајниран од страна на „Јанко Дизајн“.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Овие држачи за кујнски крпи, навидум не се ништо поразлични од класичните, невини држачи од 50-тите години на минатиот век, сè додека не сфатите дека го пикате вашиот прст во задник на животно. Далматинецот привлекува повеќе внимание од останатите, но сите се добро дизајнирани за да ги сместите скришно во кујната или тоалетот. Тие со сигурност ќе ги насмеат вашите гости, а и вас после секое миење раце. Нарачајте овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Држач за ножеви, дизајниран од страна на Мартин Бас.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

Креативни соларничиња во облик на батерии кои повторно се полнат. Нарачајте ги овде.

Забавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Наталија Reply

    браво за интересната тема,но би било уште подобро ако обрнете повеќе внимание при преведување на текстот…Мислам дека многумина,а посебно оние кои не го владеат англискиот добро,не знаат што значи зборот гаџет и топинг..сепак ова го читаат многу луѓе и треба да га разберат..
    поздрав

  2. kasper Reply

    добро и што е гаџет и топик?

    • Кафе пауза Reply

      Гаџет е технолошка направа која има специфична функција и најчесто се користи за новитети во развојот. Во секојдневниот говор има пошироко значење и се користи за мп3 плеери, мобилни телефони, камери…, а во случајов се однесува на иновативни предмети во домаќинството.

      Топинг е горен дел, врв на нешто, во случајов, на пицата.

      И двата збора се користат во неформалната комуникација, а во недостаток на соодветни изрази на македонски, се користат и во писмена форма од страна на медиумите и пошироко.

  3. Славна буква Reply

    Се гледа дека некои интернетот го користат само за фејсбук.

Остави коментар