За љубителите на Покемон: Декорација за домот што мора да ја имате

Артистката Лорен, која живее во Тексас, почнала да создава Покемон терариуми што се исто толку тешки за „фаќање“ како и Покемоните што ги гледате на екранот од вашиот смартфон. Повеќе од 100 луѓе чекаат на ред да го порачаат својот терариум, а Лорен вели дека побарувачката е толку голема сега засега, што едноставно не може да постигне со изработка.

(1) За љубителите на Покемон: Декорација за домот што мора да ја имате

„Се извинувам ако се распродадени, не можам да постигнам со изработка. Во истиот момент штом ги објавам за продажба, тие веќе се продадени…“

(2) За љубителите на Покемон: Декорација за домот што мора да ја имате

Можете да си ја испробате среќата, доколку сакате да имате ваков спомен од познатите Покемони, но не очекувајте да ги фатите сите бидејќи е сосема невозможно.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар