Впечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светот

Мајлс Мекгрегор, познат како Ел Мек, е многу талентиран „уличен“ артист кој креира фантастични, раскошни и разнобојни фрески на градските ѕидови ширум светот. Со своето скеле и боците со спреј, тој патува низ многу држави во САД, Швајцарија, Мексико, Данска, Шведска, Канада, Јужна Кореја, Белгија, Италија, Шпанија, Франција, Порторико, Франција, Сингапур, Виетнам и други и им го краси маалото на локалните жители, со неговите несекојдневни ѕидни портрети. Она што го прави Ел Мек толку посебен, е неговата уникатна селекција на субјекти за цртање. Тој документира фотографии од разни луѓе низ светот, потоа селектира неколку кои му се допаѓаат и на крај ги црта со спреј на ѕидовите во некоја држава.Впечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотНајсвеж проект на Ел Мек му е „Духот на летото“ лоциран во Монтреал, Канада. Тој претставува интерпретација на некоја млада жена, чие што име е исто со називот на маалото каде е нацртана оваа фреска – Роуз Филипс. Фантастично, зарем не?!Впечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотСите негови фрески се интересни, специфични и уникатни на свој начин и му даваат душа и карактер на маалото во кое се нацртани.Впечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотВпечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светотНа почетокот од ова лето, во маестралната уметност на Ел Мек, уживаа жителите на Виетнам. Во слободниот простор за цртање на артисти „Сан Арт“ во Хо Ши Мин Сити, тој насликал огромен портрет, базиран на фотографија од бабата на неговата девојка. Ова огромно уметничко парче пресликува некој карактер, некоја емоција, која Ел Мек се обидува да им ја пренесе на Виетнамците. Видеото кое следува е рефлексија на животот во Виетнам, погледнат низ очите на Ел Мек, врз основа на неговиот прв впечаток за оваа земја.Впечатливи ѕидни портрети на улиците ширум светот

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар