Вонземски летечки скулптури

Џенет Ечелман е американска артистка која креира несекојдневни летечки скулптури од мрежи, кои спонтано се движат низ воздухот и во вечерно време личат на некое летало од друга планета.Вонземски летечки скулптуриТаа била инспирирана да употребува мрежа во нејзините инсталации додека ги посетувала предавањата на Фулбрајтовата програма во Индија. Таму ги научила техниките на плетење мрежа од некој локален рибар од градот Махабалипурам во индиската држава Тамил Наду. Гледајќи го рибарот како ја врзува мрежата почнала да се запрашува дали таа може да воведе нов пристап во скулпторството, така што ќе создава големи во волумен скулптури, без да употребува цврсти и скапи материјали.Вонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВо соработка со рибарот, на ова место таа ги инсталирала нејзините први мрежести скулптури, а серијата ја нарекла „Bellbottoms“ (панталони-ѕвонарки). Во последниве пет години, таа има направено голем број вакви инсталации во Португалија, Денвер, Сан Франциско, Феникс и Британска Колумбија.Вонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптури

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар