Волшебни фотоприказни за деца во кои главните ликови се самите тие

Тања Ивановска е фотографка и графичка дизајнерка од Македонија, која од хоби фотографира откако знае за себе, а пред неколку години ја открила својата најголема страст – детската и семејната фотографија. Она што ја одликува нејзината работа е употребата на реквизити, додавањето на различни елементи во процесот на графичка обработка и самиот резултат од сето тоа – изразито тематски фотографии кои изгледаат како исечоци од илустрирана бајка за деца.

2-volshebni-fotoprikazni-za-deca-vo-koi-glavnite-likovi-se-samite-tie-kafepauza..mk1-volshebni-fotoprikazni-za-deca-vo-koi-glavnite-likovi-se-samite-tie-kafepauza..mk

Тања завршила е-бизнис, па потоа случајно се заљубила прво во графичкиот дизајн, а потоа и во професионалната фотографија, додека фокусот на децата одлучила да го стави во моментот кога на гости ѝ дошол, како што вели таа, најубавиот дечко – тогаш едногодишниот Григориј. Правејќи ги фотографиите од ова мало слатко човече, сфатила дека тоа е она што сака да го прави во животот. Така, со одлична идеја, талент и многу храброст, одлучила да го отвори своето студио за фотографија и дизајн „Маруди“.

Во нејзиното студио доаѓаат родители кои сакаат тематски фотографии од нивното дете. Тања најпрво разговара со нив околу желбите, омилените ликови и играчки на децата и потоа врз основа на тоа планира фотосесија која понекогаш се реализира и надвор од студиото.

„Инспирацијата доаѓа од самото дете, секое има нешто карактеристично, дали во однесувањето или во омилените играчки… Како и да е, секогаш сакам фотосесијата да зборува директно за детето, а не да се направи само колку да се множат бројките на изработени проекти“, вели Тања за својата работа.

15-volshebni-fotoprikazni-za-deca-vo-koi-glavnite-likovi-se-samite-tie-kafepauza..mk 0-volshebni-fotoprikazni-za-deca-vo-koi-glavnite-likovi-se-samite-tie-kafepauza..mk

Но, веројатно најинтересен производ од нејзината работа се т.н. раскажувалки кои ги изработува заедно со Викторија Мирческа, која е одговорна за текстуалниот дел. Тие претставуваат уникатни дизајнирани фотоприказни во кои како главен лик се јавува детето. Семејството на крајот добива испечатена раскажувалка, а „најскапоцен момент е кога детенцето ќе се препознае на нејзините страници“, со нас споделува Тања.

За во иднина, примарните планови на Тања секако остануваат врзани со фотографијата. Но, покрај тоа, планира и проширување на портфолиото на Маруди со илустрирани детски книги и разни дизајнирани производи.

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ СО БЕБЕНЦА
Во соработка со Маруди, ние ви овозможуваме да добиете една гратис фотосесија со вашето бебе. Искористете го просторот за коментирање подолу за да ни опишете во каков свет на фантазии го замислувате вашето бепче. Ние ќе избереме еден добитник, а во соработка со Тања ќе се обидеме тие фантазии да дојдат малку поблиску до реалноста.

Во продолжение погледнете уште мал од од портфолиото на Тања и не заборавајте да оставите коментар доколку сакате да добиете гратис фотосесија со вашето мало сонце.


ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ:
Телефон: 075 472 635               Имејл: tanja@studiomaroodi.com

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар