Во светот на Јадро фигурите

Во 1953 година Хуан, Хозе и Висенте Јадро ја направија својата прва порцеланска фигура во печка изградена во нивниот дом во Валенсија. Така започна долгата традиција на “Porcelanas Lladró” – компанија која денес е позната ширум светот по изработката на прекрасните, високо квалитетни фигури од порцелан. Секако воопшто не било лесно да се премине од хоби во сопствениот дом до ланец престижни продавници на Менхетен, но иновативноста и креативноста на браќата Јадро се заслужни за нивната успешна приказна. Во светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеМожеби, токму желбата да бидат поразлични од останатите во тој бизнис постојано ги инспирирала да воведат иновации, не само во стилот и формата на фигурите туку и во начинот на печење. Техниката на печење која браќата Јадро ја вовеле овозможила кристален сјај и пастелни нијанси на фигурите, нешто што останатите во тој период не успеале да го постигнат. Со оваа метода браќата ја заслужиле почитта од страна на многу ценети скулптори, декоратери и уметници во тој период, а побарувачката за преубавите порцелански фигури растела сè повеќе.Во светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеДенес, овие фигури се доста барани од страна на колекционерите, особено од оние со длабок џеб, поради фактот дека самите вредат доста и имаат беспрекорен квалитет на изработка. Сопствениците тврдат дека голем дел од фигурите се изработуваат по нарачка, па така зад секоја фигура има некоја интересна приказна.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар