Во елегантно уредениот дом на една канадска дизајнеркa

Во елегантно уредениот дом на една канадска дизајнеркa

Секојдневно сме сведоци на работата на голем број брилијантни архитекти и дизајнери, кои создаваат импресивни места за живеење. Но, ретко размислуваме како ли изгледаат нивните домови. Па, затоа ви го претставуваме животниот простор на дизајнерката Сузан Дровер, кој таа го нарекува свој „имагинариум“.

Во елегантно уредениот дом на една канадска дизајнерка

Куќата се наоѓа во Њуфаундленд, Канада. Домот на Сузан е едноставен, а елегантен. Зрачи со топлина и е како створен за уживање. Всушност, токму онака како што треба да изгледа еден вистински дом. Чистината на белата боја, напати е разиграна со нијанси на виолетово. Кујната, трпезаријата и дневната се поврзани, што пак просторот го прави визуелно поширок и поотворен. Каминот и делот со дрвена изработка, даваат дополнителна топлина и чувство на удобност. Во продолжение погледнете ги фотографиите. Се надеваме дека овој животен простор нема да ги разочара вашите замисли за тоа како треба да изгледа домот на еден дизајнер за ентериер.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Maggie Reply

    niceee

Остави коментар