„Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови

„Into The Atmosphere“ е прекрасно видео во чест на убавите пустини, планини и крајбрежја во Калифорнија, изработено од страна на фотографот Мајкл Шанблум. Во видеото се прикажани голем број национални паркови, како и помалку познати природни области. Фокусот во видеото е на облаците, маглата и интересните атмосферски промени. И покрај тоа што Калифорнија е позната по чистото, сончево небо, сепак гледањето во колоритната небесна бура и прекрасните зајдисонца, е навистина фантастична глетка. Целта на ова видео изработено со тајмлепс техника, е да се прикаже калифорниската природа во своето најдобро можно светло.

„Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови

„Живеејќи го целиот мој живот во Калифорнија, го имав целото потребно време за да ја уловам сржта и убавината која ја има оваа држава. Многу ноќи спиев надвор, а многу денови ги поминав во дивината, планинарејќи со тешката фотографска опрема по стрмни предели. Ова видео беше проект кој го работев година дена и од вкупно 750.000 направени фотографии, искористив околу 12.400 за ова видео со времетраење од три и пол минути. Мојата баба Алис почина во текот на последните две недели од изработката на видеото, па филмот е во чест на споменот кон неа. Без неа и без љубовта од моето семејство, ова видео немаше да постои.“ – објаснува артистот




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар