Виножито на чад од дувната свеќа

Секој човек е пријатно изненаден кога ќе види виножито на небото после дожд. Но, дали некогаш сте виделе ваков шарен ефект да произлезе од чадот од свеќата која тукушто сте ја дувнале? Фотографот Гровер Скрајер ги направил овие спектакуларни фотографии од виножито кое се создава на врвот од чадот од свеќата, а на ваквото уметничко дело му дал вешто име „Rainbow Fringe“. Овој посветен и упорен фотограф 25 пати се обидувал да ја создаде ваквата фотографија и за него ова била една макотрпна задача, која бара многу прецизна припрема.

Виножито на чад од дувната свеќа

Тој ја објаснува сложеноста на оваа техника: „Најтешкиот дел беше да го фокусирам фотоапаратот на вистинскиот дел од чадот. Го ставав фокусот на фитиљот или на врвот од пламенот. Го задржував копчето од фотоапаратот притиснато до половина, ја дував свеќата и го чкрапнував моментот многу набрзина.“

Виножито на чад од дувната свеќа

За овие фотографии Гровер користел Fuji Finepix S8100fd камера со блиц и Raynox M-250 макро леќа.

„Вградениот блиц ми овозможи директно осветлување на чадот, благодарение на што успеав да го уловам прекршувањето на светлосните зраци низ капките восок. Под ниеден друг агол на осветлување немаше да биде видлив ефектот на виножито“ – објаснува тој.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар