Видео кое стопи милиони срца: повик за прегратка

Човек маскиран во голема кадифена мечка стои сред градскиот плоштад… Се вика Фабијан и е лице со посебни потреби. Ова емотивно видео продуцирано од здружението Pro Infirmis, најголемата швајцарска организација за лица со посебни потреби, поставува прашање за тоа каков е нашиот однос спрема лицата со посебни потребни и дали тие треба да се преправаат во нешто друго за да дојдат во близок контакт со луѓето.Видео кое стопи милиони срца повик за преграткаМногу малку луѓе сочувствуваат со лицата со посебни потреби. Седиштето во градскиот автобус до Фабијан најчесто е празно, но откако тој се преправил во слатка кадифена мечка, сите на градскиот плоштад му пристапуваат и сакаат да го гушнат. Тоа ни испраќа многу силна, емотивна порака на сите нас: нели е жалосно и себично да им вртиме грб на невините лица со посебни потреби!?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар