Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа

Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа

23-годишниот видеограф Лук Шепард неодамна објави неверојатно добро тајмлапс видео, за чија изработка заминал со неговиот пријател на едно епско патување. Служејќи се со 90-дневна Еурали карта, овие двајца прошетале низ 36 градови, во 21 европска држава, со цел да ги фотографираат најголемите европски архитектонски ремек-дела во денешницата. На крајот, Шепард имал направено 20.000 фотографии, од кои потоа селектирал дел, за да го направи фантастичното тајмлапс видео насловено „Nightvision“.

Овој проект ќе останел само желба, без поддржувачите на платформата за финансирање креативни проекти Kickstarter, кои му помогнале на Лук да собере 19.000 долари. Неговиот краен производ е видео со должина од 4 минути, во кое секоја секунда е сочинета од 25 фотографии.Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ ЕвропаИнтересно е тоа што сите фотографии се направени навечер, при што совршено се истакнуваат контурите кои ги создал човекот, во овие восхитувачки европски ремек-дела. Истите прават да се почувствуваме инспирирано и желни за незаборавно патување низ Европа, нели?!Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар