Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии

Хиперреалистичните слики се многу популарни. Како што и самото име кажува, тие изгледаат премногу реално за да бидат слики, па на прво гледање би се опкладиле дека се работи за фотографии.

Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии

Филип Муњос е самообразован сликар кој има диплома по биохемија од Универзитетот во Бристол. Од 2006 година работи во „Jamaica Street Studios“ во Бристол.

„Мојата работа е фокусирана на претставување на гламурот и неговата улога во општествениот идентитет. Конкретно ми е интересна идејата за убавината преку трансформација и концептот на современата возвишеност.“

Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии

Во последно време, работата на Муњос е фокусирана на портрети и карактери кои се јавуваат во урбан контекст. Понекогаш слика „close up“ портрети пренесувајќи ги гламурозните детали и модификациите на човечкото лице и тело преку тетоважи и пирсови, а понекогаш едноставно „ги фаќа“ луѓето на минување, како дел од градскиот живот.

„Ме привлекуваат живи, млади и безгрижни карактери. Ги гледам секојдневно надвор од моето студио. Среќен сум што живеам во прекрасен еклектичен дел од Бристол каде што модата и идентитетот се од голема важност и ми овозможуваат константна инспирација и желба за сликање.“

Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар