Вертикална шума

Вертикална шума

Автор: Горана Коневска

Архитектот Стефано Боери планира да ја „изгради“ првата и најневеројатна вертикална урбана шума во Милано. Одлична и дефинитивно инспирирачка идеја! Иако често среќаваме одлични идеи кои остануваат нереализирани, сепак, тоа не е случајот и со овој проект. Нацрт планот и буџетирањето се веќе завршени и се поставени првите рамки на проектот.

Боско вертикале ќе чини 6 милиони евра, а тука се планирани не само растенија и дрвја, туку и луксузни апартмани. Секој од апартманите има балкон дизајниран да издржи отприлика 900 мали дрвја и растенија, со тоа што фасадата на зградата ќе биде налик на шума.Вертикална шумаКреаторите на проектот тврдат дека на оваа кула ќе бидат достапни отприлика 10.000 квадратни метри на кои ќе бидат засадени разни видови дрвја, растенија, трева и сл., и ќе придонесат за филтрација на воздухот, задржување на прашината, подобрување на микроклимата, заштедување на енергија, апсорпција на CO2 и сл.Вертикална шумаВертикална шумаСè уште не е утврдено дали шумата ќе биде достапна за прошетки на сите граѓани или само на тие кои ќе живеат во нејзе.

Ова е навистина интересно. Да се живее во шума, а сепак истовремено да се живее и во град. Тоа сега ќе стане можност за некои од граѓаните на Милано. Исто така, овој концепт може да придонесе за воведување на повеќе зеленило во градовите при изградба на нови зданија – еден сосема нов правец на екстериерната уметност.Вертикална шумаВертикална шума


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар