Вереничка фотосесија под ѕвездено небо

Дуото фотографи Роберт Паец и Фелиша Вонг се пионери во жанрот астро-свадбена фотографија. Тоа најмногу се должи на случајност, кога една идна брачна двојка побарала од нив да им направи вереничка фотосесија во дивината на националниот парк Џошуа Три во Калифорнија во август, кога температурата се искачува над 40 степени. Чудејќи се на нивниот предлог, Фелиша Вонг на шега им предложила тоа да го направат ноќе, а тие веднаш прифатиле. Оттогаш па сè до денес, Фелиша и Роберт и самите нудат фотосесии во пустините, дивината и други изолирани краишта.Вереничка фотосесија под ѕвездено небоНе се двоумат да отпатуваат и по 150 километри само за да работат во идеални услови. Сепак, признаваат дека добрите услови се голем предизвик.

„Пред 100 години небото се гледаше од многу места, но урбанизацијата и електричната енергија го загади небото со светлина, оставајќи ги ѕвездите видливи само од пустини и слични места“, вели Роберт.

Воопшто не е лесно да се работи ваков тип фотографија, затоа што покрај тоа, и облаците и месечината можат лесно да ги скријат ѕвездите. Вложуваат многу труд, а резултатот покажува дека сето тоа се исплати.Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небо Вереничка фотосесија под ѕвездено небоВереничка фотосесија под ѕвездено небо


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар