Уникатни садови од мраз за незаборавни забави и свечености

Јелица Живковска е жена-иноватор од Македонија која создава уметност за практична употреба, со ограничен рок на траење, но во уникатна форма и со неповторлив дизајн. Таа изработува ледени садови, како чаши, длабоки чинии, кибли за вино, држачи за свеќи или предмети за декорација, за кои основна состојка ѝ е, верувале или не, водата. Јелица ја замрзнува водата во различни форми и во нив додава елементи со кои создава впечатливо дизајнирани садови за една употреба.Уникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиТаа по професија е новинар, а долги години работела како банкарски службеник. Сосема случајно почнала да ги изработува садовите од мраз во 90-тите, кога со нејзиниот брат со кого држеле ресторан, одлучиле да служат сладолед во уникатен сад од мраз со доза десерт за двајца. Пред неколку години решила да се посвети на своето хоби кое потоа прераснало во бизнис со патентирана иновација.Уникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиВели дека луѓето не веруваат дека нејзините дела се од мраз, па кога ги користат, сакаат да ги пипнат за да се уверат.Уникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиЧашите од мраз се погодни за пиење коктели и нивното времетраење е до 40 минути. Зависно од пригодата за која се нарачани садовите кои таа треба да ги изработи, може да направи и предмети кои ќе останат употребливи до 15 часа.Уникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиСадовите се совршена декорација за свадби, родендени и други свечености, како и за своја душа. Покрај за послужување пијалаци и за чување вина и шампањи, може да се користат и за послужување сладолед, овошје и зеленчук, а бонус од садовите за оваа намена е што содржат овошни или зеленчукови парчиња кои на крајот можете да ги изедете.Уникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свеченостиУникатни садови од мраз за незаборавни забави и свечености


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар