Уникатната убавина на луѓето со пеги

Фотографот Брок Елбанк патува со цел да направи 150 фотографии од луѓе со пеги за неговата следна изложба во 2017 година. Тој сака да ја слави убавината на овие луѓе и од средината на 2015 досега успеал да направи 90 портрети од личности со пеги.

Уникатната убавина на луѓето со пеги

„Отсекогаш сум ги сакал пегите. Она што е интересно кај индивидуалните карактери кои досега имав среќа да ги фотографирам е дека многу од нив се мачеле со нивните пеги во детство или ги мразеле, додека пак други навикнале да живеат со нив, а некои дури и ги засакале.

Еден модел кој го фотографирав во септември помина со мене три или четири часа после фотографирањето, зборувајќи за тоа како се чувствувал како дете, малтретиран, отфрлан поради неговиот изглед, што за мене беше шокантно бидејќи тој изгледаше прекрасно.“

Ако сакате да учествувате во неговиот проект можете да го контактирате тука. Во меѓувреме, погледнете ги неговите неверојатни фотографии кои ни покажуваат дека секој човек е прекрасен.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар