Уникатна модерна вила, дизајнирана за пензиониран пилот

Уникатна модерна вила, дизајнирана за пензиониран пилот

Колку одлично би било доколку и вие имате куќа која е инспирирана од вашата страст? Фирмата „Urban Office Architecture“ од Њујорк ја дизајнирала оваа авијатичарска вила за пензиониран пилот и ја употребиле идејата за летот како катализатор за нивниот дизајн. Екстериерот на домот е замислен како композиција од расклопени авијатичарски делови кои се изложени на надворешните елементи, како телото на авионот. Уникатната форма на оваа вила уште повеќе е потенцирана со својата локација помеѓу базенот и малото езеро кое е во близина. Идејата била таа да изгледа како да лебди во воздухот.

Уникатна модерна вила, дизајнирана за пензиониран пилот

Оваа модерна резиденција е ориентирана на тој начин што ќе овозможува максимално осветлување во текот на денот. Геометриските прозорци се специјално дизајнирани така што создаваат текстура на облаци со цел да ги намалат силните сончеви зраци и да овозможат пријатни сенки. Архитектите го дизајнирале ентериерот како 3 основни области кои вклучуваат пространа дневна соба и трпезарија, спална соба и библиотека. Централните кружни скали ви откриваат серија од скриени области додека се движите помеѓу дневната просторија и библиотеката. А на горниот кат, спалната соба е издвоена како посебно место за одмор и релаксирање.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар