Уникатна фотелја

Автор: Ивана Лазороска

Ако досега многупати ви се случило да ги губите секојдневните предмети, кои се расфрлени во вашата дневна соба, оваа премногу функционална, но и естетски добро дизајнирана фотелја е создадена само за вас.Уникатна фотелјаУникатна фотелјаДизајнирана од страна на Daisuke Motogi, а презентирана на настанот за дизајн, Дизајнтајд Токио 2010, со димензии 900 x 700 x 700 мм, сега фотелјата е достапна за секого.Уникатна фотелјаВо неа би можеле да вметнувате многу поситни секојдневни предмети кои често ги користите додека се релаксирате во својот дом. Обично тоа би биле книги, далечински управувач, пенкала, односно сè она што би можеле да го вметнете во празнините меѓу тапацираните коцки кои меѓусебно поврзани ја создаваат фотелјата.Уникатна фотелјаУникатна фотелјаНа овој начин, сите работи кои ви се потребни за добра релаксација во вашиот дом, секогаш ви се достапни на дофат на рака.Уникатна фотелја
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар