Уметност од плетенки

Колку убаво исплетени плетенки! Ситно, креативно, прецизно. Но, афроамерикански плетенки сите сме виделе. Финтата кај овие е тоа што, не се фотографии од луѓе со интересна плетена фризура, туку цртежи со големи димензии направени со акрилни бои, од страна на уметникот So Yoon Lym. Ваквите фризури се уметност сами по себе, но So Yoon Lym со своите дела, ги одвела на едно повисоко ниво на уметноста.

Уметност од плетенки

 

Инспирацијата за оваа серија цртежи која ја нареков „The Dreamtime“ ја добив кога започнав да предавам во средното училиште Џон. Ф. Кенеди во Патерсон, Њу Џерси. Ги обожавав прекрасните фризури на моите машки и женски ученици, како и на многуте кои ги сретнував низ ходниците, но не ги познавав. Понекогаш кога ќе налетав на некои ученици, ќе побарав од нив да дојдат до кабинет 108 за, доколку ми дозволат, набрзина да направам фотографија од нивната уметнички сплетена коса. Секогаш пријатно се изненадував и бев радосна што сите доаѓаа и ми дозволуваа да ја документирам нивната фризура.“

Уметност од плетенки

 

За време на учебната 2008/09 се одржаа неколку уметнички настани на кои учествуваа и професори по уметност од целата област. Се решив да направам мала серија на акрилни слики кои требаа да се однесуваат токму за градот Патерсон. Фидбекот беше многу позитивен па решив да правам уште поголеми слики на кои се претставени различни шаблони и стилови од ваков тип фризури. Повторно употребував акрилни бои.

Уметност од плетенки

 

Обично земам една фотографија од стиловите на плетенчиња кои ги имам сликано и ја осветлувам до максимимум за да можам убаво да ја насликам точната шема на фризурата. Најпрво секогаш започнувам со молив, а потоа продолжувам со огромно количество на акрилна боја. Кога ќе згрешам нема поправање, па затоа секогаш почнувам да работам кога сум сигурна дека можам да дадам сè од себе и да бидам 100% фокусирана.

Уметност од плетенки

 

Сите стилови на плетенчиња кои ги имам сликано во послениве 8 години се од ученици. Кога ќе ги запрашам кој им ја има направено фризурата, одговорот најчесто е член од фамилијата и тоа во 100% од случаите станувало збор за женски член од фамилијата. На изложбите каде што сум ги прикажала овие слики, секогаш сум добивала позитивни коментари, особено од афроамериканските посетители.

Уметност од плетенкиУметност од плетенкиУметност од плетенкиУметност од плетенкиУметност од плетенкиУметност од плетенкиУметност од плетенки

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар