Уметност од оксидирани банани

Артистката позната под псевдонимот „Honey“, инаку основач на веб-сајтот Sweet-Station, открила многу интересен начин како да создаде уметност со помош на банани. Бидејќи постојано по дома имала банани, еден ден се одлучила да нацрта нешто на нивната кора. Но, мастилото од пенкалото, постојано ја продупчувало кората, па таа зела безопасна игла и почнала да илустрира со помош на техника со продупчување.

Уметност од оксидирани банани

Таа почнала да прави мали дупчиња во кората од бананата, со што овозможува воздух да допре до плодот во внатрешноста. Кога кората ќе почне да потемнува, нејзината нацртана шема од точки резултира со неверојатно детален и реалистичен цртеж. За еден цртеж троши од 20 минути до 2 часа. Потоа таа ги фотографира своите дела, а на крајот ја јаде бананата.

Уметност од оксидирани бананиУметност од оксидирани бананиУметност од оксидирани бананиУметност од оксидирани бананиУметност од оксидирани бананиУметност од оксидирани банани


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар