Уметност од конци

Францускиот уметник Себастијан Прешо (Sébastien Preschoux) е виновникот за оваа неверојатна вткаена серија на уметнички инсталации, кои ги соединуваат геометријата, креативноста и фотографијата во едно.
Уметност од конциУметност од конциНеговата „ноктурна“ серија, како што тој ја нарекува, ја карактеризираат прецизни шаблони направени од конец растегнат низ делови од мирни и спокојни шуми. Со камера и добро поставено светло, Себастијан прави прекрасни фотографии од неговите скулптури од конец за да ги сподели со светот.
Уметност од конциУметност од конциУметност од конциНиедна од овие слики не е направена или обработена во Фотошоп, а сите тие се резултат на доброто и прецизно поставување на нишките и аголот на фаќање на моментот.
Уметност од конциУметност од конциУметност од конци.

„Првата моја ваква инсталација ја направив во една шума во Аргентина. Навистина беше пријатно искуство да работам во природна средина и никој да не ме вознемирува, ниту да ме брза. Исто така, дрвата се покажаа како навистина добра основа за моите дела, бидејќи се цврсти и не мора да се плашиш дека ќе уништиш нешто. Уживам кога ќе успеам да направам една колоритна нишка во средина која апсолутно нема ништо графичко и планско во неа.“

Уметност од конциУметност од конциУметност од конциУметност од конциУметност од конциУметност од конци

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар