Уметност насликана на илјадници книги

Уметност насликана на илјадници книги

За разлика од останатите нормални љубители на книги, лосанџелешкиот артист Мајк Стилки, нив ги користи не за да ги прочита, туку како подлога за цртање. Овој уметник подредува во висина стотици стари книги и црта по нивниот бочен дел, употребувајќи мешавина од мастила, дрвени боички, лак и акрилни бои. Него отсекогаш го привлекувало цртањето, не само на хартија, туку и на омоти од цедеа, на страниците на книгите и на нивните корици.

Уметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книги

 

„Ги имам овие книги и никогаш не планирам да ги прочитам, но ги сакам од некоја причина, не знам која е таа. Така, еден ден почнав да цртам по нив.“

Уметност насликана на илјадници книги

 

„Сакам да гледам на моите цртежи, како на една џиновска поема. Всушност, јас никогаш немам некоја конкретна идеја за тоа што планирам да правам. Едноставно се внесувам во цртањето и на крајот излегува на начин на кој не сум очекувал дека ќе излезе. Навистина се трудам да не правам многу корекции.“

Уметност насликана на илјадници книги

Мајк црта меланхолични, понекогаш чудни и ексцентрични ликови, збогатувајќи ги со надреални моменти, емоционална длабочина, поетичност, мистерија и духовитост. Според нивната тематика, неговите дела ја претставуваат човековата фантазија и бајките.

Уметност насликана на илјадници книги

Мајк Стилки е роден во Лос Анџелес, Калифорнија во 1975 година и има завршено виша школа на колеџот Санта Моника во 1997.

Уметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книгиУметност насликана на илјадници книги

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Biba Reply

    WoW

Остави коментар