Уметност на врвот од моливот

Повеќето уметници кои се занимаваат со цртање, го користат моливот за со нив да ја создадат својата уметност. Далтон Гети има малку поинаков пристап. Тој создава минијатурни маестрални дела директно на врвот од моливот.

Уметност на врвот од моливот

Скулптура на Еливс Присли со превез на очите, изработена од еден молив

Далтон работи како столар, а своите мали дела од графит ги изработува веќе 25 години. Тој  имал склоност да се занимава со ваков тип уметност уште како мал. Кога одел на училиште, имал обичај да им ги гравира имињата на неговите другари во дрвото на моливите и да им ги подарува. Потоа почнал да резба скулптури на поголеми парчиња дрво, за на крајот да му стане предизвик да ги прави своите дела што е можно помали. Експериментирал со разни материјали, се обидел со креда, но еден ден се сетил да работи директно на графитот во моливот.

Уметност на врвот од моливот

Мала пила изрезбана од графитот и од дрвото на моливот

Уметност на врвот од моливот

Користејќи ја гумата како подлога, Далтон создал мал крст од графитот во внатрешноста на моливот.

Уметност на врвот од моливот

Далтон го издлабил центарот на дрвото, а потоа ја изрезбал централната површина од графит за да го создаде ова поврзано висечко срце.

Далтон користи 3 основни алати во неговата работа: жилет, игла за шиење и скулпторско ноже. Тој дури одбива да користи лупа, а со помош на иглата прави дупчиња и исцртува линии вртејќи го парчето графит полека во раката. Интересно е што тој нема продадено ниедно парче од својата колекција, туку сите ги дава како подароци, иако преку неговиот сајт може да се нарачаат разгледници и големи постери од нив.

Уметност на врвот од моливот

Далтон вообичаено поминува неколку месеци работејќи на една фигура. Но, една творба му одзела дури две и пол години. Ова е воедно и најдолгото време што тој го посветил работејќи на едно парче, а причината е поврзувањето во синџир-ефект. За ова свое дело тој изјавува:

„Меѓусебно поврзаните синџири побараа вложување на најголем напор, но многу сум задоволен со ова дело бидејќи е толку сложено што луѓето мислат дека мора да се два молива.“

Уметност на врвот од моливотУметност на врвот од моливот

За олку пипава работа, неизбежно е да се запрашаме како Далтон го контролира трпението, но и како се носи со предвреме завршените проекти, прекинати од напукнување и кршење. Во врска со ова, тој вели:

„Полудував кога заради мала несмасност, врвот од моливот ќе се скршеше. Некогаш многу се вознемирував, особено кога делото е при крај и баш тогаш ќе направев грешка. Потоа решив да го сменам начинот на кој гледам на мојата работа – кога започнувам со нова работа, мојот став е: ова и онака ќе се скрши некогаш, па да видиме до каде можеме да стигнеме. Овој став ми помогна да кршам помалку моливи, и иако ова сè уште се случува, не е толку често.“

Уметност на врвот од моливот

Стол на врвот на моливот

Уметност на врвот од моливот

Мало поштенско сандаче

Уметност на врвот од моливот

Малечко копче

Уметност на врвот од моливот

Чизма со многу детали

Уметност на врвот од моливот

Мал чекан

Уметност на врвот од моливот

Шраф со многу детали

Уметност на врвот од моливот

Пехар в рака

Далтон има и кутија со 100 скулптури кои ги има скршено во процесот на работа. Оваа колекција тој ја нарекува гробница.

„Имам повеќе скршени дела, па решив да ги поставам на стиропор. Луѓето може да мислат дека е чудно што ги чувам, но тие се сè уште интересни. Сум работел на нив со месеци, па иако можеби се мртви, во еден момент им имам дадено живот.“

Уметност на врвот од моливот

Колекцијата „гробница“

Уметност на врвот од моливот

Азбука

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар