Уметнички слики изработени со жица

Уметнички слики изработени со жица

Автор: Весна Јовановска

Премногу електронски апарати во домот, неизбежно водат до безброј испреплетени жици на кои не можете да им го најдете крајот. Овој проблем, очигледно го има и графичкиот дизајнер Кристоф Ниман. Тој изработил креативни слики со жици, инспирирани од секојдневието. На ваков начин Ниман одлучил да го сподели проблемот со останатите.Уметнички слики изработени со жицаНиман се шегува дека само еден телефонски повик е доволен за да му предизвика проблем, бидејќи кога разговара на фиксниот апарат, речиси секогаш несвесно игра со жицата и ја претвора во клопче.Уметнички слики изработени со жицаНо, вистинскиот хаос е под работното биро, вели тој. Таму се испреплетуваат преку 30 различни кабли, кои не знаете ниту каде почнуваат, ниту каде завршуваат.Уметнички слики изработени со жицаУжасно е чувството кога треба да замените некој од нив. Ако сакате да извлечете еден, за да поврзете друг, е тогаш нервозата кулминира. Во тој момент немате ни трошка милост за кабелот и го повлекувате агресивно, со што неизбежно го уништувате. Еве еден предлог на Ниман, како да го избегнете ова и сите завршетоци на каблите да ви бидат на видик. Ова нема да ви го реши проблемот, но ќе го ублажи.Уметнички слики изработени со жицаДалеку од решение сте и ако помислите на продолжените кабли, со неколку приклучоци. Дизајнерите прават сè поголеми и поголеми адаптери, така што, на кабел со шест приклучоци, вие може да приклучите само три апарати. Ова уметникот го споредува со невнимателните луѓе, кои предизвикуваат нервози и турканици во метроата.Уметнички слики изработени со жицаОвој проблем Ниман го увидел и кај музичарите. Па и за нивната мака одлучил да раскаже преку едно од уметничките дела.Уметнички слики изработени со жицаВаквиот хаос би можел да се надмине со безжичната технологија, но и тука Ниман гледа проблем. Се шегува дека ако предметот не му е приклучен во струја, тогаш лесно ќе го изгуби.Уметнички слики изработени со жицаУметнички слики изработени со жицаДа се надеваме дека идните генерации нема да се соочуваат со овој проблем.Уметнички слики изработени со жицаУметнички слики изработени со жица

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар