Уметнички цртежи со маркантен 3Д ефект

Џастин Гефри е бивши готвач и сопственик на ресторан, кој во 2001 година решил да ја смени професијата и да стане артист, но не каков било. Неговата уметност всушност е толку уникатна, што успева да ги замати границите помеѓу сликарството и вајарството.

Уметнички слики со маркантен 3Д ефект

Служејќи се во главно со палета ножеви за сликање и огромен асортиман од акрилни бои, Гефри од Флорида, успева да создаде прекрасни 3Д ремек-дела, инспирирани од природниот свет околу него. Неговата техника на работа најлесно може да се опише како вајање со боја.

Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект

Совршено искомбинираните бои и разните нивоа слоеви боја, создаваат една длабочина и живост на неговите слики, кои на некој начин ги повикуваат набљудувачите да посегнат и да ги допрат. Работата на Гефри е широко признаена низ САД, а тој креира строго оригинални изработки кои ги продава во неговите галерии во Флорида.

Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект

Размачкувањето на дебелиот слој боја врз платното, можеби малку ќе ве потсети на мачкање фил врз торта. :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар