Удобен и евтин дом кој се гради за само 6 часа

Низ целиот свет се зголемуваат цените на живеалиштата. За да се справат со тоа многу луѓе се одлучуваат за мал дом. Други пак се одлучуваат да живеат патувајќи. А постојат и оние кои одбираат самоодржливи домови и живеат мирно во природата.

(1)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mk

За да понуди решение за високите цени на имотите, една компанија ги создала M.A.D. Ова е дом „на склопување“ и чини само 27.000 евра. Покрај тоа, може да биде поставен на која била рамна површина и тоа за само 6 часа. Овие куќи се безбедни, направени се од квалитетни материјали и доаѓаат во повеќе големини. Можете да одберете куќа од 27 метри квадратни по цена од 27.000 евра или пак куќа од 84 метри квадратни по цена од 62.000 евра.

(2)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mk

Структурите имаат сопствени соларни панели, систем за вода, како и ЛЕД осветлување. По плаќањето, куќата пристигнува во рок од 60 денови. Оваа структура ги има сите модерни удобности – целосно опремена бања, кујна, скали и електроника.

„Создадовме удобен и безбеден простор кој се прилагодува според вашите потреби“, изјавиле од компанијата.

(3)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mk

(4)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mk

(5)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mk

Погледнете и некои од најуникатните куќи во кои ќе посакате да живеете.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар