Убавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видео

Јосемити е веројатно најпознатиот и најфотографираниот национален парк во САД и во светот, а има и зошто. Неверојатната дивина составена од преубави предели од карпи, пештери, водопади, брзаци и шуми со огромни секвои секоја година пречекуваат околу 3,7 милиони туристи кои доаѓаат да „вкусат“ дел од ова ремек дело на природата.

Убавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видео

Ние ќе се обидеме да ве пренесеме до Јосемити преку следново видео направено од фотографите Шелдон Нил и Колин Делеханти кои, фасцинирани од сето она што ќе го видите, поминале некое време во дивината, снимиле огромен број фотографии и ги споиле во ова запрепастувачко видео во HD резолуција. Уживајте!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар