Турска фантазија

Турска фантазија

Брендон Ли е режисер и водеограф којшто сака да патува по светот и да го регистрира во форма на видео она што го гледа околу себе. Во продолжение можете да го видите начинот на кој тој ја видел Турција. Ова не е само уште едно видео на некој кој бил некаде и снимал нешто. Стилот на Брендон Ли е поинаков. Тој на едно место ги става нештата кои можат да го воодушеват гледачот, како што се прекрасни пејзажи, а веднаш до нив и оние нешта кои може да не му се допаднат на патникот додека истражува некоја нова земја.

Ова е видео кое ќе ви овозможи не само да видите како тој ја видел Турција, туку ќе ви даде можност и да ја почувствувате, веројатно приближно онака како што ја почувствувал и самиот тој.

Ако ви се допадна, разгледајте го неговиот профил на Вимео. Таму можете да најдете уште неколку вакви слични видеа кои не личат на другите на кои сме навикнати да ги гледаме.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар