Тројца пријатели, две кучиња и еден стар кауч

Тројца пријатели, две кучиња и еден стар кауч

Ова е едно поинакво сурфање на каучи… Тројца пријатели и нивните две кучиња кои заминале на летно патување низ Северна Америка дошле до една креативна идеја за одбележување на сите убави места кои ги виделе по пат. Секој пат кога сакале да позираат за фотографирање, тие го извлекувале каучот од комбето на најживописните локации и на тој начин креирале фотосерија која е истовремено и убава и будалеста.

14-trojca-prijateli-dve-kuchinja-i-eden-star-kauch-kafepauza.mk

Може да се забележи дека на секоја фотографија некој или гледа настрана од фотоапаратот или прави нешто друго. Според корисникот на Редит thezim0090, кој ги поставил фотографиите од неговите пријатели, идејата зад ова било „‘несовршеноста’ на сликите да ja отслика несовршеноста која секој од нив тројца ја гледа во човештвото споредено со природата.“ Кој би очекувал толку длабока порака од тројца пријатели со две кучиња и кауч на високите планини?




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар