Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

Тригодишното девојче Ирис Халмшоу има аутизам, а обожава да слика, бидејќи со тоа ја подобрува својата концентрација и фокусирањето. Делата од нејзиното сликање се апстрактни и импресионистички. Според многумина нејзините дела потсетуваат на славниот Моне.

Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

Во уметничките кругови веќе се зборува за нејзината работа. Еден приватен колекционер веќе купи две нејзини слики по 1.500 фунти, а набрзо се планира и изложба на нејзините слики во Лондон.

Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

Ирис не може да збори, а другите деца ѝ сметат и ја прават нервозна. Но, уметноста ја смирува и сега таа е составен дел од нејзината терапија.

Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

 

„Кога лекарите открија дека Ирис пати од аутизам, клучно беше да пронајдеме нешто што таа би сакала да го прави. Ја однесов во игротека, но за неа тоа беше премногу стресно. Имаше напад и неверојатно голем излив на бес, ја гризеше устата додека не покрвави. Затоа одлучив да ѝ направам игротека дома. Земавме голем број играчки, но таа еден ден почна да црта и тоа многу ја расположи“ – вели нејзината мајка Арабела Картер Џонсон.

Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

Ирис сè повеќе почнала да слика, а кога нејзините родители виделе дека таа има голем талент, решиле да ја споделат нејзината уметност со светот.

Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар