Трансформација на луѓе во личноста која отсекогаш сакале да бидат

Фотографката Холи Фалконер и стилистката Кајли Грифитс направиле еден необичен проект. Тие собрале неколку луѓе и ги трансформирале во личноста која отсекогаш сакале да бидат.

(9)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„За овој проект прашавме неколку луѓе што навистина сакаат да бидат. Им рековме да дојдат во нашата канцеларија и дека ние ќе ги претвориме во тоа, без разлика на желбата. На крај прашувавме непознати луѓе што мислат за преобразбата, и дали повеќе им се допаѓа изгледот пред или после трансформацијата.“

Хелен

(1)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Здраво, јас сум Хелен и денес ќе го пробам готскиот стил. Го правам ова бидејќи отсекогаш сум сакала да бидам бунтовник и да видам како изгледа да бидеш различен од другите. Исто така сакам да носам ‘нападна’ шминка во текот на денот.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Изгледа кул, како хипи мајката која ви прави чај и ви дозволува да правите што сакате. Ми се допаѓа, таа го искажува својот внатрешен бес.“ – Џон, 24

„Навистина ѝ прилега готскиот стил.“ – Ели, 26

„Ова е ужасно.“ – Сара, 31

Елуис

(2)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Моето име е Елуис, имам 22 години, и денес ќе бидам покриена со тетоважи. Го правам ова бидејќи отсекогаш сакав многу тетоважи. Еднаш си направив една со Буда на задниот дел од вратот, но излезе многу лошо, па одлучив веќе да не се тетовирам.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Тетоважи, ми се допаѓа. Таа си ги искажува чувствата.“ – Џон, 34

„Ми се допаѓа, изгледа како лезбејка од источен Лондон.“ – Џулиен, 26

„Изгледа одлично и на двете фотографии. Би сакал да бидам пријател со девојката со тетоважите.“ – Стјуард, 22

Кен

(3)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Моето име е Кен и сакам да бидам фан на Ѕвездени патеки (Star Trek). Вљубен сум во серијата и сакам секој да го знае тоа.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Живеам во источен Лондон и мислам дека луѓето со оригинален изглед се подобри од нормалните.“ – Фабиен, 26

„Трансформацијата е премногу олд-скул. Повеќе ми се допаѓа нормалната верзија.“ – Џулија, 23

„Изгледа како идиот.“ – Алекс, 22

Ајрис

(4)transformacija-na-lugje-vo-lichnosta-koja-otsekogash-sakale-da-bidat-kafepauza.mk

„Јас сум Ајрис, имам 27 години и денес ќе бидам претворена во кукла. Кога бев мала навистина сакав да бидам кукла. Сакав да живеам во таква куќа и да се облекувам како кукла.“

Што мислат другите за оваа трансформација?

„Многу добро. Ми се допаѓа трансформацијата, изгледа како од 60-тите.“ – Паула, 25

„Не знам што е ова, но не ми се допаѓаат боите. Изгледа како виножито.“ – Алекс, 22

„Ми се допаѓа, изгледа како Шеила, пејачката од 80-тите.“ – Џулиен, 26

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар