Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

Фотографиите на фотографката Елена Шумилова нè носат во една прекрасна бајковита средина каде две дечиња уживаат во играта со нивните пријатели од животинскиот свет: куче, мачка, патки и зајаче. Руската артистка ги користи временските услови и восхитувачката околина, што во комбинација со нејзините преслатки дечиња и нивните миленичиња од фармата резултира со прекрасни фотографии кои зрачат со топлина и удобност.

Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

Најголем поттик за создавањето на нејзините фотографии претставуваат руралната средина, природните феномени и промената на годишните времиња.

„Јас многу ѝ верувам на мојата интуиција и на инспирацијата кога ги компонирам фотографиите. Се инспирирам главно од мојата желба да изразам нешто што го чувствувам иако најчесто не можам да кажам што точно е тоа“, вели Шумилова.

Нејзината страст за фотографија почнала да се развива во 2012 година кога го купила првиот фотоапарат, а сега фотографира секојдневно, поминувајќи го денот со нејзините деца и со животните на нивната фарма, додека навечер ги обработува направените фотографии.

„Кога фотографирам, го преферирам природното светло, и внатре и надвор. Ги сакам сите светлосни услови – улични светла, светло од свеќи, магла, чад, дожд и снег – сè што дава визуелна и емоционална длабочина на сликата“, вели фотографката.

Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар