Светлината која ѕирка од прозорците на куќите

Француската артистка Ен Лор Мизон направила доста интересна фотосерија во вечерно време. Инспирирана од светлината која наѕирнува низ прозорците и вратите на разните домови, таа решила да ги фотографира и потоа дигитално да ги спои, креирајќи фантастично блескави куќи, кои зрачат со топлина и љубов.

Светлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќите

„Топлината која ја создава некое одредено светло, светкавиот блесок од телевизорот, делчето од уметничката слика која наѕирнува… Сите овие детали ја разбудија мојата имагинација и беа инспирација за мојата работа. Додека зјапав во овие прозорци, сакав себеси да си прераскажам некаква приказна. Ги ловам овие интимни моменти и потоа градам структури со помош на мојата фантазија.“

Светлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќитеПрередувајќи ги фотографиите и креирајќи конструкции кои се дело на нејзината фантазија, Ен формира интимен простор употребувајќи ги само надворешните прозорци и врати, кој успева на еден интересен несекојдневен начин да ја прикаже домашната атмосфера во вечерно време.Светлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќитеСветлината која ѕирка од прозорците на куќите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар