Сурферите во Хаваи во црно-бело издание

Тоби Хариман е фотограф од Сан Франциско, кој неодамна бил на десетдневно патување во Оаху, Хаваи и решил за првпат да си ја испроба среќата во фотографирање сурфери. Потоа, од направени стотици фотографии, ги одбрал најдобрите и им дал фантастичен црно-бел ефект. Добиениот резултат тој го нарекува „Прво поглавје од неговата модерна сурферска фото-серија“.Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеИ покрај тоа што Тоби најчесто се занимава со фотографирање природа и градови, сепак бил премногу фасциниран од овој спорт и од фотографиите што гледал како ги прават другите фотографи. Со оглед на тоа што тој потекнува од Колорадо вели:

Јас сум навикнат на скијање по снег. Океанот е сосема поинакво животно, без можност за никаква контрола врз неговата моќ и интензитет. Како што практикувам да го опишувам, океанот е како да се наоѓате во куса лавина со времетраење од 10 до 30 секунди. Брановите додека бев таму, беа навистина огромни“.

Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание

Јас не се сметам себеси за професионален ‘сурферски’ фотограф, но со такви бранови и сурфери, е навистина тешко да не фотографирате. Фотографирањето луѓе не е моја област, но нивното вметнување во таква околина, дефинитивно е!“

Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеСурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеПечатени верзии од неговата импресивна фотоколекција можат да се купат директно од неговата онлајн-продавница.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар