„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина

„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина

Потребен е навистина исклучително креативен ум, за да се смисли ваква техника на создавање слики во старомоден стил. Инвентивната артистка Алисон Кортсон ја создава својата работа, во најголем дел користејќи прашина како дел од приборот за сликање. Таа започнала да работи на нејзината серија наречена „Dust Paintings“ пред неколку години, а дури сега почнува да добива и признанија за нејзиниот уникатен уметнички пристап.

„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина

Големите цртежи на лосанџелешката артистка се создадени од неколку материјали, а се потребни прецизни чекори на работа, за да се изработат. Најпрвин, Алисон ја собира прашината од домовите на субјектите кои ги гледаме насликани во нејзините дела, која била акумулирана во нивните правосмукалки. Собирањето на потребната количина прашина може да потрае неколку месеци, бидејќи нејзините цртежи се многу масивни во големина (некои од нив се околу 170 см долги). Откако ќе го собере потребното количество прашина, Алисон ги црта субјектите на сликите употребувајќи акрилни бои, а потоа го пропрскува платното со прашина, која пак ја „манипулира“ со четка за сликање. Кога ќе заврши и со тоа, го премачкува уметничкото дело со акрилен премаз, за да се фиксира прашината.

„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина

Идејата која стои зад нејзиниот уникатен начин на сликање, е всушност многу интересна. Еве што вели таа за својата работа:

Прашината го окупира просторот. Тоа не е органска материја која го збогатува или физички го менува просторот, туку настанува како резултат на интеракцијата помеѓу живите битија. Со сето ова кажано, не можам, а да престанам да мислам на еден случаен факт кој го имам прочитано и не ми излегува од глава: голем процент од насобраната прашина е настаната од паѓањето на мртвите клетки од нашата кожа. На еден ироничен начин, прашливата позадина на моите слики, всушност претставува составен дел од субјектите во нив.

„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар