Стаклена дневна соба

Автор: Ивана Лазороска

Бруклинскиот уметник Марк Рејгелман е креатор на оваа необична колекција наречена „Кршење на шишието“. Неговите изработки формираат една цела стаклена дневна соба, а инсталацијата е поставена на угледно место во галеријата Heller која се наоѓа во Њујорк.Стаклена дневна собаКолекцијата создадена од меѓусебно споени парчиња скршено стакло ја сочинуваат дури дванаесет елементи од секојдневното домаќинство. Комбинирајќи столици, маси, огледало, ламба, па дури и тепих и книга, уметникот успева да прикаже кристална дневна соба.Стаклена дневна собаСтаклена дневна собаСпоменатите парчиња „мебел“, кои всушност се наоѓаат насекаде околу нас, но во форма на отпад, овој пат се соодветно сместени формирајќи стаклена дневна соба.Стаклена дневна собаСтаклена дневна собаСтаклена дневна собаСите елементи имаат сјајна зелена боја и кристална површина. На прв поглед, се чини дека се меки, но со самото приближување до нив, се намалува безбедноста, а мекоста се губи.Стаклена дневна собаСтаклена дневна собаЧекорењето кон оваа дневна соба се претвора во опасна и забранета зона. Целта на уметникот е секој од нас да ја преиспита удобноста и изолацијата во својот дом.Стаклена дневна собаСтаклена дневна собаИ покрај тоа што површината на секој од елементите изгледа недопирливо, нивната функционалност е возможна, како на пример, осветлувањето на светилката и рефлексивните својства на огледалото.Стаклена дневна соба
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар