Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд

На прв поглед, овие навидум апстрактни фотографии се малку тешки за дешифрирање. Но, ако подобро ги погледнете многу брзо ќе почнете да забележувате необични и несекојдневни пејзажи. Направени од страна на рускиот фотограф Андре Емолаев, овие фотографии се дел од неговата фотоколекција на неверојатните вулкански реки во Исланд гледани од малку поинаква перспектива. Тие се толку необични и интересни што дури изгледаат како цртежи.

Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд

Светлината и сенките, вртливите формации и живите бои во композициите се всушност реки, глечери и јата со птици кои се само мал дел од целосната вулканска сцена. Привлечните сцени ја замаглуваат линијата помеѓу пејзажните фотографии и апстрактните цртежи и токму поради тоа мора да се потрудите за да најдете смисла во нив.

Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд

„Исланд е неверојатна држава. Дури би можел да кажам и дека е рај за оние кои обожаваат фотографирање. Но, она што беше навистина огромно откритие за мене е птичјиот поглед на реките кои течат низ црниот вулкански песок. Овие пејзажи се неверојатна комбинација на бои, линии и шаблони која не може да се опише со зборови,“ вели Емолаев.

Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд Спектакуларни воздушни фотографии од вулканските реки во Исланд


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар