Специфични фото-монтажи кои ќе ве расположат

Патувачкиот фотограф Томас Барбеј се служи со неговото остро, уметничко око, за да го погледне светот поразлично од сите нас. Во текот на неговите патувања, тој фотографира мртва природа, пејзажи и портрети, а потоа ги комбинира и поврзува, за да создаде лудо креативни композиции. Неговите измонтирани фото-манипулации откриваат еден нов свет, кој ни е истовремено познат, но и необичен.

Специфични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположат

Во коренот на неговата работа се крие фантастична смисла за хумор, кој му овозможува да поврзе два тотално спротивни предмети во хармонично единство. Додека повеќето од нас никогаш не би ја пронашле сличноста помеѓу слонот и дрвото, овој фотограф прави да биде невозможно уште еднаш да погледнете во дрво, без да ја забележите неговата слична, збрчкана груба површина како кожата на слоновите. Плус и дрвјата и слоновите имаат стебла (нозе). Никогаш веројатно, не би помислиле дека ски-центрите потсетуваат на огромен бел чаршав, ниту зебрите на клавијатурата на пијано.

Специфични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположат

Иронично на неговите надреалистични фотографии, тој вели дека концептот за создавање на нетипични креации произлегува од секојдневниот живот, бидејќи визионерската инспирација и имагинација, не е техничка способност којашто се учи во школо.

Специфични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположатСпецифични фото-монтажи кои ќе ве расположат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар