Совршено кутиче за свршенички прстен

Предложувањето брак може да биде страшно и стресно дури и кога знаете дека личноста ќе каже „да“. Треба да се избере локацијата и најмалку неколку фини зборови со кои ќе ја запросите вашата љубена. Прстенот е само една од работите за која треба да се погрижите. Но дури и откако ќе го изберете, постои можност за прерано откривање на вашите намери од страна на партнерката. Убаво што ви го спакуваа во убава кутија во златарницата и одлично што избравте да облечете елегантно сако за тој посебен ден, но работите можат да тргнат непланирано, ако таа забележи дека нешто стрчи од вашиот џеб.

1-sovrsheno-kutiche-za-svrshenichki-prsten-kafepauza.mk

Дизајнирана од страна на Ендру Зо, кутијата за свршенички прстени Клифтон е помала од паричник и лесно ќе ја собере во вашиот џеб, без да ви создава неугодност или пак да ја оддаде вашата тајна. Плус, кога ќе ја отворите, прстенот не само што се појавува, туку се врти и се мести на позиција спремен за вадење и поставување на вистинското место – на прстот на вашата идна сопруга. Ова е возможно благодарение на поп-ап механизмот кој симболизира цутење на цвет.

2-sovrsheno-kutiche-za-svrshenichki-prsten-kafepauza.mk

Кожната кутија може да се нарача по цена од 90$. Иако може да изгледа како многу, во однос на парите кои секако треба да ги дадете за прстенот и со оглед на тоа што овој момент кој се доживува еднаш во животот (со надеж!) ќе го направи уште попосебен, некои 4.200 денари плус, нема да ве направат посиромашни, само исклучително внимателни и романтични во очите на вашата животна избраничка.

3-sovrsheno-kutiche-za-svrshenichki-prsten-kafepauza.mk 4-sovrsheno-kutiche-za-svrshenichki-prsten-kafepauza.mk 5-sovrsheno-kutiche-za-svrshenichki-prsten-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар