Соништата на една девојка

Кога на фотографот Јан Фон Холибн, му било понудено од германското списание „ZEIT“ да создаде визуелна работа за карактеристиките на соништата и она што тие нам ни значат, тој жестоко искицирал неколку концепти и приказни. Познат по неговата фотосерија „Dreams of Flying“ (Соништа со летање), овој пат од магазинот му било понудено да изработи нешто слично, во кое ќе го вметне неговиот заштитен знак – позите со лежење на под.Соништата на една девојкаЗабележете ги едноставните, секојдневни предмети кои тој ги употребил за изработката на овие сцени. Така на пример, птиците се всушност закачалки за облека, гумите на автомобилот се музички плочи, а облаците се обични перници. Каква неверојатна креативност!.Соништата на една девојка

„На почетокот ми беше малку здодевно повторно да работам нешто слично на фотографиите од серијата „Dreams of Flying“, но колку повеќе се задлабочував во идеите, изгледот и замислата, толку повозбуден станував. Отпрвин почнав да смислувам некои слични соништа, но набрзо потоа решив фотосесијата да ја направам за ноќта на една девојка, исполнета со многу соништа. Тоа беше клучот на целокупната работа.“

Соништата на една девојка

„Побарав убава девојка со која ќе работам, која не се однесуваше како фотомодел, туку беше многу природна, слатка и расположена да експериментира во работата заедно со мене. Тоа никогаш не беше обична фотосесија. За да ги реализираме моите замисли, многу импровизиравме, испробувавме и се забавувавме.“

Соништата на една девојка

„Да се работи на тема за возрасна личност која сонува, за мене беше еден нов предизвик. Фотографиите мораа да изгледаат покомплексно, софистицирано и со уметнички дух. Целата работа испадна многу интересна и плус, додека фотографирав, дојдовме до некои нови идеи. На пример, сликата на која таа е на „шопинг“ или онаа на која „вози автомобил“, беа целосно импровизирани во текот на фотосесијата. Тие идеи беа интересно откритие за сите кои бевме присутни на снимањето.“

Соништата на една девојкаСоништата на една девојкаСоништата на една девојкаСе сеќавате на мајката која прави неверојатно креативни сцени околу нејзиното бебенце, додека тоа спие?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар