Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти обожава да патува околу светот, во потрага по некоја нова авантура, добра приказна и интересни луѓе. За неговиот последен проект насловен „Toy Stories“ тој потрошил 18 месеци фотографирајќи деца од разни делови од светот, со нивните омилени играчки.

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Чива – Мекинчи, Малави

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Жаклин – Манила, Филипини

Тој не очекувал да открие нешто што веќе не го знаеме: На таа возраст, сите деца се прилично исти. Тие сакаат само да си играат.“ Но, начинот на кој си играат, очигледно се разликува од земја до земја. Галимберти открил дека децата во побогатите држави се попосесивни кон нивните играчки и не дозволуваат некој друг да им ги допре. Во сиромашните држави, некои деца имале само 2-3 играчки, но не им претставувало проблем ако некој друг им ги користи. Така, во Африка децата најмногу си играле надвор, со нивните другарчиња.

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Тангавитси – Кикорок, Кенија

Но, сепак постојат и голем број сличности помеѓу децата, во однос на улогата која ја имаат играчките во нивните животни. Така, едно 6-годишно момче од Тексас и 4-годишно девојче од Малави си играат со исти играчки – пластични диносауруси, за кои обајцата сметаат дека ги штитат од опасностите коишто ги чекаат во ноќите.

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Јулија – Тирана, Албанија

Воедно, интересно е тоа дека играчките честопати го рефлектираат и родното место на децата. Момчето од рурално Мексико обожава камиони, бидејќи секојдневно ги гледа како поминуваат низ неговото село, кога се движат накај шеќерната плантажа во близина. Дете од Летонија, сака да си игра со минијатурни колички бидејќи неговата мајка возела такси, додека пак едно девојче, ќерка на италијански фармер, има цел асортиман од пластично гребло, мотика и лопата.

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Орли – Браунсвил, Тексас

Работејќи за овој проект, Галимберти научил и многу работи за родителите на децата. Така, родителите од средниот Исток и Азија ги терале нивните деца да се фотографираат, без разлика што тие биле на почетокот нервозни или вознемирени. Од друга страна, родителите од Јужна Америка биле многу релаксирани и му рекле на фотографот дека може да си ја работи работата како сака, сѐ додека нивните деца немаат ништо против тоа.

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Ботел – Маун, Боцвана

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Ли Ја Чен – Шенјанг, Кина

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Алесија - Кастиљон Фиорентино, Италија

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Енеа – Болдер, Колорадо

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Абел – Нопалтепек, Мексико

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Лукас – Сиднеј, Австралија

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Наја – Манагва, Никарагва

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Ралф – Рига, Летонија

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Арафа и Аиша – Бубубу, Занзибар

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Тајра – Стокхолм, Шведска

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Мауди – Калулуши, Замбија



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар