Слатко бебенце облечено како главните ликови од популарните ТВ серии

Фотографката Карен Абад од Калифорнија, неодамна ја посетила својата пријателка во Индијана. Бидејќи времето надвор било многу студено, тие решиле да бидат креативни во затворен простор. Инспирација добиле од бебето на пријателката, Оливија, кое го облекувале како главните ликови во сериите и го поставувале зад сцени кои Карен и мајката Кристина заедно ги правеле.

1-slatko-bebence-oblecheno-kako-glavnite-likovi-od-popularnite-tv-serii-kafepauza.mk

Тие го облекувале веселото бебе во облека каква што носат познатите главни ликови во популарните ТВ серии како Хана Хорват од „Девојки“, Френсис Андервуд од „Куќа од карти“, Денерис Таргариен од „Игра на тронови“ и други.

Артистката вели: „Ова е најнасмеаното бебе на светот, па верувајте ми кога ќе ви кажам дека беше многу тешко да ја натераме да не се смее. Таа беше прав другар за време на целиот процес и многу го ценам тоа што ни дозволуваше да ја облекуваме. Крупните кафени очи на Оливија и слатката ‘сериозна фаца’, со сигурност ќе ви предизвикаат насмевка на лицето и ќе ви го разубават денот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар