Слатки кучиња уживаат во најубавото годишно време – есента!

Ана Гаер, фотограф од Австрија, прави прекрасни портрети од кучиња. Дел од нејзините најдобри фотографии се направени за време на есента, благодарение на златните бои и магливото време што создаваат совршено магична атмосфера.

Уживање во есен: Фотограф покажува портрети на кучиња

„Уште од релативно ран период фотографијата беше важен дел од мојот живот“, вели Ана. „Но, вистинската страст ми се разви пред околу 7 години. Моето прво куче, Синди, беше причината што почнав да го продлабочувам своето знаење за фотографирањето, особено со кучиња. Тежнеев кон една главна цел – сакав вечно да ги сочувам моментите со Синди. Оваа година во август јас ја изгубив. Нејзиното губење остави голема празнина во мене. Ми недостига секој ден и сега повеќе од кога било го ценам тоа што направив толку многу различни слики од неа“, споделува Ана.

Фотографирањето животни може да биде прилично тешко, но за Ана не постои нешто подобро. Секако, тоа има свои предизвици. Таа смета дека најголем предизвик кога се фотографираат кучињата е да се фати вистинскиот карактер и душа на кучето, за да се создаде жива слика. Исто така таа смета дека треба да се биде поврзан со кучето за да се создаде совршена фотографија од него.

„Секое куче има свои емоции и изрази. Некои од нив се смешни, другите се многу концентрирани.“

Најомилената фотографија на Ана е од нејзиното куче Синди, затоа што таа го покажува нејзиниот лик во секој поглед: Добрата природа, смиреноста, убавината, верноста, како и нејзината рамнотежа. Инспирацијата е многу важна за секој фотограф, а Ана најчесто добива инспирација од самото куче за време на фотосесијата. Според неа, секое куче има свој различен карактер.

„Понекогаш ме инспирираат и различни пејзажи. Честопати кога сум на прошетка со моето куче Фин, забележувам место што ми се допаѓа и истовремено си создавам целосна слика во умот. Во тоа време знам каде сакам да седи кучето, какво би сакала да биде времето додека фотографирам и така натаму. Потоа се обидувам да ја направам фотографијата што сум си ја замислила“, вели Ана.

Таа смета дека главната причина што нејзините слики се толку колоритни е што секогаш внимава на осветленоста. За време на сончевите денови таа фотографира само рано наутро или навечер. Само тоа време светлината е нежна при што создава таква интензивна боја. Ана сака да фотографира кога времето е облачно и без сонце.

Таа им дава неколку совети на почетниците, за да може да добијат совршена фотографија:

„ Најпрво треба да фотографирате во висина на очите, тоа помага кучињата да имаат поприроден став и дава еден поинаков поглед од она што ние вообичаено го гледаме… Исто така треба да го фатите нивното внимание кое лесно може да биде одвлечено, но оние кучиња што сакаат да си играат, добри се за создавање фотографии во акција. За статични фотографии користете играчки, храна или смешни звуци за да го задржите нивното внимание.“

Ана смета дека е потребно да има доволно добра светлина што ќе го нагласи изразот на кучето. Таа исто така советува да користите голем отвор, да ја направите позадината матна и да го задржите фокусот на кучето. Но, најважно од сѐ е да се забавувате!

Уживање во есен: Фотограф покажува портрети на кучиња

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар