Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Ако сакате да ви тргне работата подобро одвојте време за преуредување на работното биро и за внесување на малку креативност и свежина! Доколку не знаете како да го изведете тоа, проследете ги следните неколку идеи.

Канцелариски материјал

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Никогаш не ја потценувајте моќта на канцелариските материјали кога го уредувате работниот простор. Поседувањето на слатка кутија за пенкала или фенси држач за документи, секако ќе ви ја зголеми мотивацијата за повеќе работа и повеќе успеси.

Цвеќе

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Цвеќињата се најдобар начин за разведрување на атмосферата. Зелената боја ќе ви ги опушти очите и ќе ви го освежи умот.

Фотографии

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Се подразбира. На работното биро мора да имате фотографии кои ќе ви измамат насмевка и кои ќе ве потсетат дека постои живот и надвор од работата.

Омилените моливи и пенкала

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Кога работите неизбежно е да фаќате белешки, да запишувате контакти и слични работи. Затоа, најдобро е да имате повеќе од омилените моливи и пенкала на бирото, за да не ве фати паника кога ќе дојде време да се искористат.

Перниче за столот

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Зошто столот да не го направите уште поудобен? Набавете си перниче со интересен и сладок дизајн, кое едноставно ќе ве натера едвај да чекате да почнете со работните активности.

Омилената шолја

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Не заборавајте да оставите место и за омилената шолја. Нема ништо поубаво од топло кафенце во утринските часови и добар почеток на денот, кој ветува успех!

Слатки мали додатоци

Слатки и креативни предлози за уредување на работното биро

Нема подобар начин за внесување на малку карактер во просторот од негово облагородување со мали додатоци, кои носат големо значење. Навистина кажуваат многу за вас, а истовремено се забавни и креативни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар