Сладок лустер создаден од гумени бонбони

Сладок лустер создаден од гумени бонбони

Њујоршкиот артист Кевин Чампени мора да е голем гурман за слатки, штом смислил начин како да го декорира просторот за живеење со бонбончиња. Toј направил рачно изработен лустер од 5.000 разнобојни гумени мечиња. Неговиот производ е достапен во две варијанти: 45 см долг во дијаметар, направен од 3.000 гумени бонбони и тој од 5.000 мечиња, што е 79 см во дијаметар.

Сладок лустер создаден од гумени бонбониСладок лустер создаден од гумени бонбони

Како што проаѓа светлината од 50-ватната флуоресцентна сијалица низ разнобојните бонбони, просторот се исполнува со нежен, „сладок“ сјај. Кевин ги изработува овие слатки лустери за американската компанија „Jelllio“, каде што се продаваат по цена од 2.400 долари (помалиот) и 6.500 долари (поголемиот).

Сладок лустер создаден од гумени бонбониСладок лустер создаден од гумени бонбониСладок лустер создаден од гумени бонбониСладок лустер создаден од гумени бонбониСладок лустер создаден од гумени бонбони


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар